Починал осуденик од КПУ “Идризово“

Синоќа во 20:40 часот во СВР-Скопје, од КПУ “Идризово“ било пријавено дека на осуденикот А.Л. (38), додека бил во ќелијата му се слошило и со возило на КПУ “Идризово“ е пренесен во Комплексот клиника “Мајка Тереза“. Од страна на лекар била констатирана смрт.
За случајот е известен Јавен обвинител, а телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.