Почина актерот Зоран Ранкиќ, познатиот Попара од хит серијата „Среќни луѓе“

Loading...

Телевизискиот и театарски актер, писател и афористичар Зоран Ранкиќ почина на 85 години во Белград по долго и тешко боледување, јавуваат српските медиуми.
Во јавноста најмногу ќе остане запаметен како Никола Калабиќ од серијата „Последен чин“ и познатиот Попара од хит серијата „Среќни луѓе“.


Актерот, како што јавува РТС, пред десетина дена доживеал тежок мозочен удар, а имал и други здравствени проблеми.
Ранкиќ се остварил во бројни улоги во филмови и театарски претстави.
Времето и местото на погребот дополнително ќе бидат соопштени.

loading...
Loading...