Почина девојката џин

Loading...

Американката Тања Ангус (34) изненадно почина после 12 години борба со ретката болест, акромегалија, поради која нерпекинато растела.
Пореметувањето настанало поради големиот тумор кој ја опфатил хипофизата, што било причина за лачење на огромна количина на хормонот за растење.
Тања до својата 21 година била нормална и здрава девојка, висока 172 сантиметри и тешка 59 килограми. Јавала коњи, се занимавала со танцување и имала момче. Но, потоа се разболела и за неколку години пораснала до 213 сантиметри и достигнала тежина од 182 килограми. Поради ова, таа веќе не можела нормално да оди, па морала да се движи со помош на инвалидкса количка. Таа никогаш не престанала да бара лек за својата ретка состојба, но била спречена од иненадната смрт.
Навистина храбро се држела до самиот крај, сакајќи го животот и никогаш не предавајки се. 

loading...
Loading...