Почина Клајв Бур, поранешниот тапанар на Ајрон мејден

Loading...

 Поранешниот тапанар на хеви метал групата Ајрон мејден, Клајв Бур почина на 56-годишна возраст по долгата борба со тешката болест, јави Би Би Си.„Тоа е ужасно тажна вест. Беше прекрасен човек и неверојатен тапанар кој даде значаен придонес за Ајрон Мејден кога групата почна да работи“ изјави Стив Харис, основач и басист на бендот.Бур беше еден од музичарите кој ја одбележа златната доба на Ајрон мејден. На групата и се придружи во 1979 година и свиреше на нивните први три албуми “Iron Maiden” (1980), “Killers” (1981) i “The Number of the Beast” (1982).Бур на кого мултиплекс склерозата му беше дијагностицирана во 2001 година, го напушти бендот во декември 1982 година. Го замени Нико Мекбејн ко се уште е во составот на бендот.
Макфакс Поранешниот тапанар на хеви метал групата Ајрон мејден, Клајв Бур почина на 56-годишна возраст по долгата

loading...
Loading...