Почина легендарниот бразилски фудбалер Кутињо

Loading...

Легендарниот бразилски фудбалер Антонио Вилсон Вијеира Онорио, познат како Кутињо, почина во 75-та година од животот. Тој во јануари беше хоспитализиран заради воспаление на белите дробови, а како последица од тоа и почина.
Заедно со Пеле беа извонреден напаѓачки тандем во познатиот тим “Сантос“, а со 368 постигнати голови беше најдобар стрелец после Пеле и Пепе.
Во период од 10 години, односно од 1958 до 1968 година освои две титули Копа Либертадорес, два интерконтинентални купа и шест титули на шампионатот Паулиста.
Кутињо беше член на Бразил кој во 1962 година ја освои шампионската титула во Чиле, каде без оглед на повредата цело време го мина со тимот.

 

loading...