Почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев

Утрово, 11 февруари 2019 година, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев. Роден е на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско, учителска школа завршил во Битола, а работел како уредник во РТВ. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година и е добитник на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.
Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002).
Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.