Почина првиот Британец од КОРОНА вирусот

Loading...

Еден Британец почина откако бил заразен со коронавирус додека бил во карантин во Јапонија на бродот за крстарење „Дијамантска принцеза“, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Тој е првиот Британец жртва на вирусот.
Мажот беше еден од четворицата Британци кои мораа да останат во Јапонија, откако повеќе десетици, кои тестираа негативно за СОВИД-19, беа евакуирани во Велика Британија минатата недела, по проведени две недели на бродот со коронавирус во Јокохама.

Вкупно 705 патници и членови на екипажот на бродот „Дијамантска принцеза“ беа потврдени дека имаат COVID-19 или КОРОНА.
Шест лица од бродот сега починале, при што британецот е првиот странски патник што починал, соопшти Кјодо Њуз.

Јапонската влада беше критикувана за начинот на кој се справи со изолацијата на бродот, при што некои лекари велат дека карантинот бил како инкубатор.
Во Велика Британија, досега се потврдени 19 случаи, меѓу кои по еден во Северна Ирска и Велс.

Досега регистрирани се вкупно 83.704 случаи низ целиот свет, со 2.855 смртни случаи.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...