Во понеделникот во болница во Скопје починал Илир Ќалапеку, телохранителот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи.
Соопштено е дека тој починал од срцев удар, но членовите на неговото семејство се сомневаат дека неговата смрт можеби дошла од човечка рака, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
- Тотален колапс на украинските сили во Угљедар: Киев го смени командантот на бригадата?
- Овие хороскопски знаци е невозможно да се заборават дури и по раскинување на љубовната врска
- Муцунски: Да се воспостави систем за предвидливост на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ
- Кој ќе го наследи Насрала како лидер на Хезболах?
- Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава
- „Се дисквалификуваа сами“: Захарова откри што се зборува во ходниците на ОН
- Австралија обезбедува дополнителни 10 милиони долари хуманитарна помош за Газа
- Поранешна свештеничка и мисионерка станаа ѕвезди на OnlyFans: „Излеговме од црквата, многумина ќе речат дека беше грев“
- „ABC News“ тврди: Војници на ИДФ влегоа во пограничните делови на Либан
Членовите на неговото семејство го пријавиле случајот и во косовската полиција.
Телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, бидејќи, како што пренесуваат косовските медиуми, членовите на семејството на Ќалапеку побарале да се изврши обдукцијата.
Медиумите дознаваат дека неговиот брат Ганиу ги пријавил овие сомнежи во полиција.
Тој изјавил дека не се сомнева во болницата во Скопје, но сака да ги знае точните причини поради кои дошло до срцев удар.
Ганиу тврди дека неговиот брат претходно немал здравствени проблеми, па затоа се сомнева дека тоа би можело да биде од човечка рака“, изјавил за косовските медиуми извор близок до семејството.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.