Почина хрватскиот композитор Џело Јусиќ

Дубровачкиот композитор Џело Јусиќ почина на возраст од 81 година, потврди неговата снаа, пејачката Паула Јушиќ (52).
“Тој беше голем борец, сите сме многу тажни“, рече таа.
Џело е познат по голем број дела од забавната, но и сериозната, главно оркестрална музика. Во 1961 година го основа вокално-инструменталниот состав “Дубровачки трубадури“. Неговите музички дела ги изведуваа бројни домашни изведувачи, меѓу кои и: Тереза Кесовија, Оливер Драгојевиќ, Ибрица Јусиќ, Фрањо Ласиќ, Иво Патиера, Мило Хрниќ и многу други.
Тој постигна голем успех на Сплитскиот и Загрепскиот фестивал со композициите “Далматински леро”, “Запјевајмо пријатељи”, “Младости, моја лијепа младости”, “Волим те будало мала“, “Загрљени”, “Ла музика ди ноте”, “Старе љубави“ и други.
извор: Makfax