Почитувајте ја приватноста на своите сингл пријателки!

Loading...

Понекогаш, нормално, од најдобри намери им се мешаме во животот на нашите сингл пријателки. Вие уживате во својата врска, па и на својата другарка ѝ посакувате сѐ најдобро, вистински да се заљуби и да биде среќна како вас.
Но, дали ви паднало на памет дека вашата пријателка можеби ужива во слободата?
Некогаш добронамерно ја поминуваме границата и навлегуваме во интимноста на нашата пријателка. Ви носиме неколку познати ситуации, кои мора да престанете да им ги приредувате на своите најдобри пријателки!


1. Ѝ договарате состанок, а не сте ја прашале дали воопшто сака да го запознае тоа момче
Доколку сака да запознае некој ваш пријател, бидете сигурни дека таа би ви побарала помош. Сигурно дека не сакате да отиде на состанок, само за да не ве навреди и двајцата да се чувствуваат непријатно кога ќе се сретнат. Овие работи никогаш не правете ги на своја рака.
2. Прашања поврзани со тоа зошто е сѐ уште сингл не се поставуваат
Некои прашања сепак се непристојни, без оглед на тоа колку сте блиски. Мора да го почитувате изборот на вашата пријателка, па дури и кога е статусот на врската во прашање.
3. Не го коментирајте нејзиното поранешно момче
Без оглед на тоа што тој навистина не ви се допаѓа, можеби во некој момент ќе се смират, а вашата пријателка ќе очекува поддршка од вас.

loading...