Почнуваат конклавите за избор на новиот папа

Loading...

Католичката црква, која неодамна го доживеа првото одрекување од папската служба во последните седум векови, оваа недела го избира својот поглавар кој треба да биде способен да се соочи со бројни предизвици, од секуларизмот на општеството, прогонот на христијаните, до бројните внатрешни скандали.Конклавите започнуваат во вторник и би требало да траат два до најмногу четири дена. Целосно изолирани од светот, кардиналите со двотретинско мнозинство ќе го изберат наследникот на Бенедикт XVI.Во вторник ќе се гласа само еднаш, а следните денови двапати претпладне и двапати попладне. Ако по три дена нема резултат, доаѓа до прекин на гласањето најмногу на еден ден што е посветен на молитва, состаноци, размислување и духовна обнова.
МакфаксКатоличката црква, која неодамна го доживеа првото одрекување од папската служба во последните седум векови, ова

loading...