По грешка Албанија го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија!

Албанија по грешка на интернет ги објави тајните податоци за своите разузнавачи. Податоците кои протекоа на интернет се детални и ги има нивните имиња, марка на автомобил, регистрации, броеви на лични карти и пасоши, оперативен ранг, детали за нивните патувања, па дури и нивните секојдневни навики.

Остра реакција на овој пропуст имало во НАТО, чија што членка е Албанија, бидејќи, како што објави „Индепендент“, „кој успеал да влезе во албанскиот систем, влегол и во системот на НАТО“. Овие детали беа објавени на сајтот на албанското министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на разузнавачката агенција ШИШ. Сега цел свет има пристап во информациите за албанските агенти, колкави им се платите, па дури и кои
водоинсталатери, мајстори и автомеханичари ги користат.
ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надоворешно-разузнавачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица. Благодарение на овој пропуст, сега се знае дека Албанија има двајца агенти на чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останати агенти на високи дипломатски позиции Албанија има и во Белгија, Грција, во Србија, Косово, Италија и Македонија.
Албанија ги издаде следните агенти:
1. Фердинанд Нуку
2. Кујтим Прифити
3. Роберт Туци
4. Нестор Бабамето
5. Невзат Шеху
6. Астрит Кинани
7. Тонин Пренди
8. Бардок Гега
Извор: Список на агенти

Loading...