По една година задоцнување, почнуваат Олимписките игри

Loading...

Една година по рокот почнуваат Олимписките игри во Токио. Организаторите тврдат дека се целосно подготвени за „физичка дистанца“. На игрите нема да присуствуваат гледачи, спонзори, ниту голем број на спортисти кои се откажаа од учество поради бројните ограничувања. Пред пандемијата, планирано беше на отворањето на Олимписките игри да присуствуваат најмалку 70 илјади гледачи, но стравот од ширењето на инфекцијата тој број е намален прво на 10.000, и на крај само 950 луѓе.
За да го надоместат отсуството на навивачите, организаторите претставија низа од технички можности со кои гледачите ќе се запознаат во текот на олимпијадата. Дополнителен удар на организаторите е и фактот што на ден пред почетокот, отпуштен е режисерот на отворањето на Игрите, Кентаро Кобајаши, кој уште во ладоста додека работел како комичар се шегувал на сметка на прогонот на Евреите за време на Втората Светска војна.
Јапонија и спонзорските компании официјално вложија 15,4 милијарди долари за отворањето на игрите, но неофицијално се проценува дека сметката е двојно повисока.
Сепак, кога царот Нарихито ќе ги отвори Олимписките игри, сите проблеми со кои се соочуваше Токио во изминатите осум години ќе аднат во втор план. Во наредните две недели, светот ќе има можност да ги гледа најдобрите спортисти на најзначаното натпреварување.

loading...