По истрагата на ОЈО Владата ќе одлучи за одговорноста на Филипче

Loading...

Владата одлучи да чека и да види како ќе заврши истрагата што ја покрена Основното јавно обвинителство. Доколку се утврдат евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП ќе одлучи дали ќе побара одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче.
– Прво нека се изјасни Обвинителството. Не би можеле да прејудицираме. Станува збор за истрага која е отворена. Ќе видиме, нека заврши истрагата, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе побара одговорност од министерот Филипче доколку се утврдат неправилности со МРП вакцината.
Основното јавно обвинителство вчера соопшти дека по допрен глас отвора предмет за евентуални неправилности со увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината за морбили.

loading...