По Мицкоски и Милошоски сега и Александар Николоски ќе формира нова влада предводена од ВМРО ДПМНЕ!

Loading...

Во овој момент има неколку пратеници од владејачкото мнозинство, кои што сериозно размислуваат да го напуштат истото и да се формира ново парламентарно мнозинство во Собранието со цел да падне оваа влада затоа што се незадоволи со националните предавства и здравствената и економска криза која што и се случува на Македонија и тоа ќе го гледаме во периодот што доаѓа пред нас.

линк до изворната вест ВО ЦЕНТАР

Ова во интервју за Алфа го изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Ова ќе треба да биде трета влада што ќе ја формира ВМРО ДПМНЕ или раководството на таа партија по губењето на изборите на 15 јули. Пардон, по победата на изборите на 15 јули без гласовите на Беса, како што вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Прво, од страна на Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше прогласен како победник на изборите на 15 јули и му дадоа мандат да ја формира новата влада.

Второ, го убедуваа членството дека нема да има избори во Штип и дека е договорено со странците ВМРО ДПМНЕ да се врати во власта преку влада на национален спас или експертска влада. Варијантите на оваа тема зависат од тоа кои дава интервјуа-Христијан Мицкоски ( експертска влада ) или Антонијо Милошоски ( влада на национален спас ).

И сега под трето, и Александар Николски почна да формира влада. Но сега ќе биде формирана политичка влада што ќе рече влада без СДСМ и Зоран Заев, но со пратеници од сегашното мнозинство кои се патриоти и си ја сакаат државата.

И сето ова се случува во еприод кога партијата не свикува Конгрес на кој би се гласало за доверба на лидерот и неговите политики. И во услови кога партијата ги бојкотира локалните избори во Штип.

Во такви услови Николоски, Мицкоски и Милошовски ( тројката која сега владее во партијата ) за да го стишаат незадоволството во партијата преку медиумите финансирани со унгарски пари секоја недла формираат нова влада.

Во преме на пандемијата со корона во регионот само во Словенија беше формирано ново парламентарно мнозинство без да има нови избори и тоа во Словенија каде на почетокот на годината беше формирана нова влада предводена од Јанез Јанша. Но разликата од Словенија и Македонија е дека Јанша победи на последните парламентарни избори но не формираше влада, а ВМРО ДМНЕ ги изгуби последните парламентарни избори.

Инаку, оваа изјава на Николоски доаѓа само еден ден по интервјуто на американската амбасадорка за ТВ Телма каде амбасадорката даде поддршка за политиките на владата на Заев.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...