По потерница од Интерпол на Попова Шапка уапсен германски државјанин (ВИДЕО)

Loading...

Педесет и петгодишниот германски државјанин Р.В.Л., член на меѓународна криминална група, во заедничка акција на македонската и германската полиција пред три дена бил уапсен на Попова Шапка каде со лажен идентитет престојувал подолго време. По него имало меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг кокаин од Јужна Америка до Хамбург.
На 21 август извршен е претрес во викенд куќата и од слобода беше лишен германскиот државјанин. При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола  и други предмети.
На 22 август МВР поднесе  кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и за “фалсификување исправа“. Судија на претходна постапка му одреди  мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.

loading...