По прележаната зараза со корона вирусот, Чуктераш завршила во Ургентен центар

Loading...

Славица Чуктераш до неодамна се бореше со коронавирусот. По три недели борба конечно добила негативни резултати на Ковид-19.
Но, пеачката повторно се соочила со здравствени проблеми. Добила температура и почнала да се чувствува омалаксано и измачено.
По заразата со корона вирусот, Славица добила тешко воспалени на грлото.
-Кога ми стигнаа резултатите, се испостави дека имам гнојна ангина. Веднаш ми препишаа антибиотици, а бидејќи температурата растеше, не смеев да ризикувам па отидов во Ургентниот центар. Лекарите се исплашија дека имам корона вирус, иако им посочив дека сум негативна, а на резултатите од вчера се покажа дека имам антитела, истакнала таа.
Морала повторно да оди во Ковид болницата.
-Таму установија дека се работи за гнојна ангина и ми рекоа да земам уште антибиотици, но секако денес повторно ќе одам на лекар, па ќе видиме. Силна сум јас. Кога ја преживеав короната, ќе преживеам сѐ, заклучила пеачката.

loading...