По скандалот со колењето коњи во Зоолошка разрешен директорот

Од град Скопје лиферуваа информацијата дека е разрешен в.д. директорот после скандалот кој што го открија медиумите.

Кој што прави Данела разрешува директори, поставени од неа… И како што може да се види секој е крив, но одговорност за поставените директори нема.

По скандалот кој денес ја потресе јавноста разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина Кристијан Стаменов известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.

Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.