По смртта на 2.5-годишното дете се огласија од Детска клиника

Клиниката за детски болести се огласи по веста за смртта на две иполгодишното девојче.
– Во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2.5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција. Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано една недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено е на одделот за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето почина, соопштуваат од Клиниката.