Како да се будите порано наутро?

Loading...

Сигурно сте ја слушнале старата поговорка „Кој рано рани, две среќи граби“.
Можеби тоа најчесто нѐ поврзува со времето кога родителите нѐ учеле да си легнуваме и да се будиме рано и да не доцниме за на училиште, но како што растеме сфаќаме дека среќата се состои во многу поголеми работи.

Доброто здравје, слободното време, намалување на стресот, чувството на исполнетост и продуктивност… тоа е она што ја сочинува среќата. А сето тоа е подостижно само ако почнете да се будите порано и го почнете денот смирено и без брзање.
Дечките од Fit Father Project – Fitness For Busy Fathers подготвија поучно видео во кое темелно ја обработуваат проблематиката на раното будење, придобивките од тоа и секако – како и вие да го постигнете тоа.

За дополнителна мотивација, погледнете ја приказната на еден од тимот на порталот BrightSide кој раскажува како од ноќна птица станал човек кој се буди рано наутро и го почнува денот полн со енергија.

loading...
Loading...