По трет пат треба да стартува судскиот процес за случајот Тајвански кредити

Loading...

Во среда во Основниот суд 1 по трет пат треба да стартува судскиот процес за случајот ’Тајвански кредити’, во којшто му се суди на поранешниот лидер на партијата Демократска алтернатива и поранешен директор на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски и тогашниот заменик Јован Андонов-Реган.Се товарат за злоупотреба на службената положба и дека со одобрување на средства од тајвански кредити ја оштетиле државата за 172. 304.092 денари.Апелациониот суд најпрвин ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Тупурковски беше осуден на три години затвор и надомест на штета, а неговиот заменик на две години затвор.Откако предметот беше вратен на повторно судење, обвинетите добија ослободителна пресуда, па Обвинителството поднесе жалба на оваа пресуда.Апелациониот суд на второто одлучување, повторно го врати случајот во Основниот суд Скопје 1, со образложение дека пресудата била нејасна и неразбирлива.
МакфаксВо среда во Основниот суд 1 по трет пат треба да стартува судскиот процес за случајот ’Тајвански кредити’,

loading...
Loading...