По ќерката и мајката во бикини, Цеца во ТАНГА на Малдивите

Нити најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста. Ова го покажала анализата на ССМ изработена од универзитетски професори. Таа ќе им биде аргумент плус на преговорите со Владата во понедленик на која ќе бараат минималната плата да се зголеми веднаш и да изнесува 18.000 денари, како и да се исплати К-15 за цел јавен сектор. Од утре пак ја активираат и опцијата штрајк.
Макдонските работници имаат меѓу најниските минимални плати во Европа и затоа минималецот треба да се зголеми на 18.000 денари веднаш – апелира ССМ. Анализите кои за синдикатот ги правеа универзитетски професори меѓу кои и поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, покажале дека нити најголемиот скок на минималецот во 2017 година не предизвикал негативни ефекти врз фирмите- односно не отпуштале работници,не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста.
Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа. Паралелно на тоа луѓето живеат во екстремна сиромаштија. 22 % од населението тоа се 500.000 луѓе, тоа е цело Скопје практично, живее во сиромаштија.100.000 луѓе или 5 % од населението живеат во екстремна сиромаштија, значи тоа е гладување, помалку од 40 денари на ден имаат само колку еден леб да купат и толку и ништо повеќе. Значи екстреман сиромаштија 100.000 луѓе.И 9 % од вработените, тоа се околу 50.000 вкупно живеат во сиромаштија – Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор.
Синдикалците утре ќе одлучуваат дали и кога ќе штрајкуваат ако не се прифатат нивните барања – зголемувањето на минималецот на 18.000 денари да биде веднаш. Бројките покажале дека ни две сегашни минимлани плати од 15.200 денари неможат да ја наполнат минималната потрошувачка кошничка која достигна 35.000 денари.
Бидејќи немаме навистина време за чекање ние уште утре, во петок ги свикавме сите органи и тела на највисоко ниво во ССМ, каде што нема потреба од загриженост, се е според Законот за работни односи, ќе ги активираме тие штрајкувачки одбори, доколку ова што го бараме не се случи на средбата во владата- Дарко Димовски, претседател на ССМ.
Министерката за труд Тренчевска пак која беше на презентацијата, сепак пораката ја испрати од владината говорница. Кажа дека заложбите се да биде во најбрз можен рок, без да прецизира кога. Рече дека ќе се бара најдобро можно решени за сите и за работниците и за фирмите.
Согласно законот минималната плата, усогласувањето на минималната плата се врши, се објавува во март, а исплатата се врши во април во тековната година- Јована Тренчевска, министерка за труд.
На средбата во Владата во понеделник ќе се „кршат копјата“ за минималецот. Второто барање на синдикатот до Владата е да обезбеди К-15 за цел јавен сектор.

Пронајдете не на следниве мрежи: