Правдата за некој мајка, за некој маќеа. Уште еден влијателен човек доби условна казна

Затоа што дале лажен исказ и ја попречиле правдата во предметот „Талир“ на СЈО, поранешниот градоначалник на Центар и газда на „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, и неговата сопруга се спогодија со Обвинителството и добија алтернативни мерки – условни казни затвор од две години, односно од шест месеци.

Правдата за некој мајка, за некој маќеа. Уште еден влијателен човек доби условна казна!!

Треба да платат по 3.000 денари судски трошоци.

Ова го пишува во пресудата што БИРН ја доби од Кривичниот суд во Скопје.

Обвинетите се спогодиле со скопската обвинителка Елма Сулејман, а судот подоцна таа спогодба ја потврдил во пресуда.

Трите судијки Џенета Бектовиќ, Славица Андреевска и Верка Петковска оцениле дека условната казна за Тодоровиќ и за сопругата се доволни.

Во анонимизираната правосилна пресуда на седум страници пишува дека сопругата на Владимир Тодоровиќ, во скопски ресторан, во 2020 договорила средба со сопруга на друг сведок.

Во пресудата пишува: „Предала два листа испишан компјутерски текст на латиница, кои содржеле насоки за тоа каков исказ треба да даде лицето А. Н. на главната расправа пред Кривичниот суд во Скопје“.

Тоа значело дека сведокот што го договарала брачната двојка, пред судот требало да сведочи различно од она што било сведочено во истрагата пред јавниот обвинител.

Ова е вторпат поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, да избегне директно судење.

Претходно во 2018 година, по истражната постапка што ја спроведе Финансиската полиција, во буџетот врати 436 илјади евра поради тоа што ја оштетил општината за изградба на барокниот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Сега, пак, со спогодба доби условна казна.

Во изминатиот период со обвинителството се спогодија и „капиталците“ Сашо МијалковОрце Камчев, како и Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски во предметот „Империја“.

Извор: Призма

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.