Користењето на правилни крпи е клучно за чистење на телевизорот, Во случајов, крпите од микрофибер не го оштетуваат екранот, а исто така едноставно ја апсорбираат прашината. Сепак, треба да се забележи уште еден детаљ.
Со крпа од микрофибер избришете ја целата површина на телевизорот – екранот, копчињата лоцирани под или од страна, како и позадината на телевизорот, на која обично има најмногу прашина. Ова треба да се прави еднаш неделно, а ако имате време, почесто, вели Good House Kipping.
Најважно е да не прскате никакво средство за чистење директно на телевизорот, туку прво да го нанесете на крпа, па дури потоа на екранот. Но и тука е потребна доза на претпазливост. Имено, течноста не треба да содржи амонијак, алкохол или ацетон, што може да го уништи екранот.
Далечинскиот управувач најдобро се чисти со влажна крпа за дезинфекција, а најважно е да ги избришете копчињата, како и вдлабнатините околу нив.