“Лидерот” очигледно е поважен од уставобранителите, а штапските ботови џабе кршеа прсти по тастатури да ги бранат пратениците кои се дрзнаа да не гласаат за амнестија на осудените за 27 април.
Вчера во Собранието на Република Македонија се случи еден срамен настан. Имено, осум пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за слобода на уставобранителите, односно не дадоа поддршка за Законот за амнестија кој беше иницијатива на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски.
Сите тие пратеници претходно биле присутни во Собранието, каде се заведени во листата на присутни, односно за тој ден сите до еден ќе земат патни трошоци, но кога дојде време за гласање магично ги снема.
Откако јавноста жестоко реагираше зошто пратениците не гласале за слобода на уставобранителите, штапските ботови побрзаа да ги одбранат и на социјалните мрежи можеа да се видат “елегии” како тоа тие со тешко срце не гласале, иако многу сакале, ама во тој момент не биле во можност. Еден од нив, Александар Николоски, бил во Брисел, а останатите некако магично истовремено се разболеле.
Ботовите си ги заработија платите, ама пратениците очигледно не знаеле дека се болни па Олга Лозановска на Фејсбук откри дека “иако е болна” морала да го придружува лидерот на средби со стопанственици во Битола.
Лидерот поважен од уставобранителите, што за нив веројатно е и лгично. Тој и ставил на пратеничката листа за да можат да земаат илјадници евра патни трошоци.
Кога сме кај патните трошоци, Олга Лозановска заедно со пратеникот Аџиоски кој исто така не гласаше за амнестијата, се рекордери во средствата земени за патни трошоци. Олга Лозановска наплатила 430,345 илјади денари за неколку месеци додека нејзината колешка, Силвана Ангелевска која исто така не гласаше наплатила 327,840 илјади денари.
Лозановска порано глумела патриот, во продолжение неколку нејзини објави на Фејсбук во врска со уставобранителите кои вчера ги предаде:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.