Пратеничката расправа за уставните измени почнува во понеделник

Loading...

За во понеделник, 15 октомври, претседателот на Собранието ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени. Се очекува истиот ден да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот.
Од Собранието на Р. Македонија за МИА информираат дека 61. седница ќе се одржи во понеделник на 15 октомври во 11 часот, а по нејзиното завршување ќе започне 60. седница.
Почетокот на Комисијата за уставни прашања, како што велат од Кабинетот на претседателот Талат Џафери, најверојатно ќе биде исто така во понеделник. Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени може да расправа 10 дена, по што Извештајот од неа повторно треба да се најде на пленарна седница.

 

loading...