“Прва македонка на Монт Еверест”

Loading...

Изложбата именувана како Илина и Македонските уметници на пат кон Монт Еверест ќе биде отворена на 15 февруари во 18.30. часот
Изложбата е наменска и продажна со цел собирање средства за поддршка на долгонајавуваната експедиција “Прва македонка на Монт Еверест” која поради недостиг на финансиски средства веќе трета година се одложува. Освен ликовни дела на Илина изложбата ја поддржаа со донирање на слки и др. експонати уште дестина автори од разни генерации на македонската ликовна сцена. Меѓу учесниците ќе бидат: Миро Масин, Горјан Ѓорѓиев, Решат Амети, Симонида Филиповска Китановска, Жанета Гелевска Велјаноска, Урош Вељкович, Драгица Ристеска, Никола Пијанманов, Билјана Каровска, Ивана Младеновска, Др.Душан Јовановски, Ведран Бојановски, Весна Радисич, Маријана Петкова и др.  Изложбата ќе ја отворат претставници на Американската амбасада во Скопје и тоа: Ms. Merry Jo Wohlers , сопругата на Американскиот Амбасадор во РМ, и Ms Aangela Aggelar – односи со јавност при Американската Амбасада во Скопје. Илина Арсова  2012 По номинација на амбасадата на САД во РМ, учествува на Глобална менторска програма за жени во спорт, како една од 17те избрани женски лидери од светот. Програмата е иницирана од Стејт Департментот на САД под директно покровителство на Хилари Клинтон.  2002-2012 Работи со развој и промоција на спортски туризам во РМ и во трети земји. Организира алпинистички и високогорски експедиции. (Експедиција Килиманџаро 2012, Кенија+Танзанија)Изложбата именувана како Илина и Македонските уметници на пат кон Монт Еверест ќе биде отворена на 15 февруари во 18.3

loading...