Прва Национална програма за дигитален идентитет

Loading...

Републиката ја претстави првата Националнапрограма за дигитален идентитет – во партнерство со „Mastercard“ – со цел унапредување на аспирациите за дигитална економија на земјата.Благодарејќина партнерството помеѓу „Mastercard“ и македонското Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) – првично најавено на почетокот на 2020 година – достапни се услугите на дигитален идентитет и поврзаните услуги, како што седигитално потпишување и верификација на документи за сите македонски граѓани.

Инфраструктурата за националната услуга за дигитален идентитет е обезбедена од страна на ID Service– услуга за дигитален идентитет на „Mastercard“, управувана од „Evrotrust“ – обезбедувајќи целокупна услуга на дигитална идентификација на паметни телефони. На овој начин, документите се потпишуваат електронски со исто правно дејство како и своерачниот потпис, што претставува уште еден чекор кон дигитализација на администрацијата и на услугите во Северна Македонија.

Првата организација што ја користи услугата ID Service управувана од „Evrotrust“ е НЛБ Банка Скопје. Првиот случај на користење на услугата се состои од интеграција на електронскиот потпис во секојдневните работни активности на Банката. Збирот услуги ќе биде збогатен и проширен зависно од потребите на клиентите и нивните навики, однесувањето, како и еволуцијата на користењето на услугата, при што главна цел е овозможување целосна дигитализација на сите производи и услуги на Банката. Услугата за дигитален идентитет обезбедена од НЛБ Банка Скопје ќе овозможи електронско потпишување правно обврзувачки договори директно преку мобилните уреди на клиентите, без притоа да има потреба да се посетуваат филијалите на Банката или, пак, да се користат токени, картички или УСБ-уреди.

„Ова претставува огромен успех за НЛБ Банка Скопје и за целокупниот тим што работеше на спроведување на решението, заедно со нашиот партнер ’Mastercard‘. Со услугата за дигитален идентитет ID Service, идентитетот на клиентите може да се утврдува на далечина, електронски да се споделува документацијата и, на крај, клиентите да праќаат електронски потпишан документ. Благодарејќина ова супериорно корисничко искуство, клиентите ќе уживаат во целосна флексибилност во вршењето на банкарските услуги. Ќе продолжиме да работиме на нашата дигитална трансформација со цел оптимизација и поедноставување на нашата работа со клиентите, како и со цел персонализација на услугите и производите. Нашата цел е да станеме еден вид на финансиско-технолошка компанија со ниво на доверба во банкарските услуги што ќе ни донесе водечка позиција на пазарот.“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

„Годинава Северна Македонија го одбележува воведувањето на услугата ID service со цел дигитализација на нашето општество, што беше од суштинска важност во текот на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Ја почитуваме посветеноста на сите страни вклучени во спроведувањето на визијата за дигитална економија што ја споделуваме со ’Mastercard‘. Ова е само првиот чекор што го презедовме за постигнување на нашата главна цел заради целосно спроведување на услугата ID service во корист на македонските граѓани“, изјави г. Јетон Шаќири, Министер за информатичко општество и администрација на Северна Македонија.

„Ѝ посакуваме добредојде на Северна Македонија меѓу првите земји во Европа штопокажале заложби за дигитализирање од овој вид на највисоко, државно ниво. Целокупниот финансиски сектор може да има корист од воведувањето на идентификациската услуга и од последователната дигитализација на внатрешните и надворешните процеси. Со оваа инфраструктура, бизнисите ќе имаат корист од интеграцијата на клиентите и трговците на далечина, безбедното и сигурно поднесување барање за кредити и/или кредитни картички, верификација на идентитетот и потпишување разни документи, без притоа да има потреба од физичко присуство“, додаде г-ѓа Вања Манова, менаџер на „Mastercard“ за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и за Косово.

„Компанијата ’Евротраст‘ целосно ги исполнува највисоките стандарди за сајбер-сигурност на ’Mastercard‘ за информатичка безбедност и криптографија, со што, пак, се овозможува безбедна интеграција на проектот за дигитален идентитет на национално ниво. Решението eID на државните институции им овозможува да вршат вкрстена проверка на дигитално поднесените барања во рамките на националните идентификациски регистри, со цел проверка за тоа дали даден идентитет му припаѓа на соодветното лице“, изјави Александар Станев, главен оперативен директор во „Евротраст“.

По денешното официјално започнување, „Mastercard“ ќе соработува со МИОА со цел проширување на опфатот на националниот дигитален идентитет во Северна Македонија. Процесот ќе вклучува интеграција на повеќе банки, јавни институции, мобилни оператори, осигурителни компании, комунални претпријатија и инвестициски фондови.

Меѓу потенцијалните идни примени на националната услуга за дигитален идентитет се услугата за далечинска интеграција или отворање сметка; владини административни услуги за далечинска интеграција и далечинско потпишување документи на порталот е-Влада, како и интеграција со Системот за управување со документи на Владата со цел да се помогне дигитализацијата на јавниот сектор.

За услугата ID Service управувана од „Evrotrust“

Услугата eID раководена од „Evrotrust“ е дигитална услуга за утврдување идентитет на „Mastercard“ што се нуди во Република Северна Македонија од страна на „Евротраст Технолоџис“ (Evrotrust Technologies). Целта е создавање меѓуоперативен екосистем на услуги за дигитален идентитет и проверка со цел трансформација на бизнисите и секојдневниот живот на луѓето. „Evrotrust“ е квалификуван давател на услуги и регистрирана компанија за „innovative RegTech“ што нуди услуги на идентификација на далечина и квалификувани услуги за електронски потписи eSign со помош на мобилен телефон. Компанијата ги исполнува барањата од регулативата на ЕУ eIDAS, применува сертифицирани стандарди за потпишување и е признаена во ЕУ, а ги исполнува и највисоките глобални барања на „Mastercard“ и веќе опслужува повеќе од 14 меѓународни банкарски групации.

За „Евротраст“ (Evrotrust)

„Евротраст Технолоџис“ (Evrotrust Technologies) е квалификуван давател на безбедносни услуги, регистриран на Листата на доверливи субјекти на ЕУ. Како иновативна и регистрирана компанија за„innovative RegTech“, компанијата развива најнови технологии и безбедносни услуги за далечинска електронска идентификација, квалификувани потписи, квалификувани е-печати, квалификувана регистрирана е-пошта, квалификувани временски ознаки, квалификувано зачувување и други услуги согласно eIDAS, сертифицирани за сите применливи стандарди на ЕУ и меѓународни стандарди. Компанијата опслужува голем број меѓународни банкарски групации, осигурителни и лизинг-компании, телекоми и влади. Следете нè на LinkedIn за да дознаете повеќе за нашите најнови иницијативи.

За НЛБ

НЛБ Банка АД Скопје е една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија, која бележи постојан тренд на раст и континуирани позитивни резултати од нејзиното основање, па сè до денес. Банката е основана во 1985 година и од 1993 година дејствува како комерцијална банка штоги врши сите видови банкарски услуги за клиентите од земјата и од странство.

Во 2000 година,Банката стана членка на групацијата НЛБ и е една од најголемите и најуспешните банкичленки на Групацијата надвор од Словенија.

Банката има доброразвиен пристап кон клиентите, богата и структурирана понуда на производи, развиена продажна мрежа и широк избор на достапни канали за брз пристап до Банката. НЛБ Банка е лидер во дигитализацијата на пазарот, со постојани вложувања во дигиталните услуги на Банката и со воведување иновации во понудата, со цел подобрување на искуството на клиентите и обезбедување максимално задоволство од услугите.

За „Mastercard“

Mastercard (NYSE: MA), www.mastercard.com, е технолошка компанија во рамкитена глобалната платежна индустрија. Раководиме со најбрзите мрежи за обработка на плаќања во светот, поврзување клиенти, финансиски институции, трговци, влади и бизниси во повеќе од 210 земји и територии. Производите и решенијата на „Mastercard“ ги олеснуваат секојдневните трговски активности, како што е купувањето, патувањето, водењето бизнис и управувањето со финансии и ги прават побезбеднии поефикасни за сите.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...