Прва средба Заев – Мицотакис во Њујорк

Loading...

На средбата на премиерот Зоран Заев, што за време на Генералното собрание на ОН се одржа вчера во Њујорк, како што соопшти владината прес служба, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази поддршка за отворање на преговори со Европската Унија. Во соопштението уште се наведува дека на средбата била потенцирана и потребата од доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа како клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија.
Премиерот Заев истакнал дека Владата е подготвена за целосно спроведување на Акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу двете држави, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцирал дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји.
Иако Мицотакис бил искрен и му рекол на Заев дека тој лично немало да го потпише Договорот од Преспа, тој сепак додал дека по ратификацијата тој е дел од меѓународното право и Грција треба да го почитува.

 

loading...