Првиот Ангелус на Папата со овации од 150 илјади верници

Loading...

 Папата Франсиск го одржа својата прва традиционална неделна проповед Angelus, во неделата на плоштадот на Свети Петар, од прозорецот на својот апартман, под кој на плоштадот се собраа 150 илјади верници.„Добар ден. По нашата прва средба во средата (кога беше избран за понтифик – з.р.) , мило ми е што можам да ве поздравам и оваа недела, на денот Господов, на плоштадот кој преку медиумите доби светски димензии“, изјави папата Франсиск што беше дочекано со силен аплауз од масата.„Срдечно ги поздравувам сите аџии и им се заблагодарувам што ми посакаа добредојде“, рече уште папата што беше проследено со овации.Ја повтори пораката којашто претходно во неделата ја изрекол на литургијата во црквата Свети Ана, дека е потребно да се проштева. „Господ никогаш не се заморува проштевајќи, ние сме тие кои се заморуваме барајќи прошка“, рече папата. „Тој е Татко полн со љубов, полн со милосрдие, Малку милост го менува светот, го прави поправеден и потопол“, додаде папата.На верниците им кажа дека папското име Фарнсиск го одбрал во чест на Франсиск од Асизи, бидејќи, меѓу другото, ја јакне неговата духовна врска со земјата од којашто потекнува неговото семејство. Франсиск од Асизи е светец заштитник на Италија,  а таткото на поранешниот бискуп на Буенос Аирес Хорхе Марио Бергољо е Италијанец од областа Пиемонт кој имигрирал на почетокот од минатиот век во Аргентина. И мајката на папата, исто така, има италијански корени.„Уште еднаш ве молам, молете се за мене“, рекол папата на крајот од неделниот Angelus и им порача на сите дека им посакува „пријатен неделен ручек“.Пред неделното обраќање, папата Франсиск во неделата ја презема улогата на едноставен парохиски свештеник и служеше литургија за жителите на Ватикан, и ги повика да не ги осудуваат другите поради гревовите кои ги сториле.Папата таа литургија (миса) ја служеше за неколку стотини луѓе во дрквата Света Ана, сместена веднаш до ватиканските ѕидини, кој се користи како парохиска црква за вработените во Ватикан.Пред да влезе во црквата, папата Франсиск се запрел да ги поздрави добронамерниците кои го чекале пред блискиот влез во градот држава Ватикан и го извикувале неговото име.Поразговарал со повеќето од нив пред да покаже на својот црн пластичен часовник и рекол „Близу десет е, Морам внатре на литургија, ме чекаат“.Хомилијата (беседата) повторно наместо на латински ја изрекол на италијански и ја посветил на приказната од Евангелието за масата којашто сакала да ја каменува жената обвинета за прељуба. Исус им рекол „Кој од вас е без гревови, нека го фрли првиот камен“,  а потоа на жената ѝ порачал „Оди, и не греши повеќе“.„Сите ние понекогаш сме како тие луѓе, кои сакаат да го слушаат Исус, а, од друга страна, понекогаш сме како оние коишто сакаат да ги каменуваат и да ги осудуваат другите“, Пораката на Исус е: Милост!“, рекол папата Франсиск, „Велам во својата понизност дека тоа е најсилната порака на Господ Милост“, нагласил новиот челник на Римокатоличката црква.На крајот од литургија, Папа како вистински жупник пред црквата ги сочекал сите кои биле на литургијата и ги поздравувал додека излегувале од неа. На многу од нив им порачал „Молете се за мене“.
Макфакс Папата Франсиск го одржа својата прва традиционална неделна проповед Angelus, во неделата на плоштадот на

loading...