Првите нови американски тенкови пристигнаа во Полска

Во Полска пристигнаа првите американски тенкови Абрамс, на кои ќе се обучуваат војниците на полската армија. Ова на Твитер го објави министерот за одбрана Мариуш Блашчак, цитиран од полските медиуми.

Првите нови американски тенкови пристигнаа во Полска

Министерот објасни дека на овој начин Полска ќе биде подготвена кога ќе пристигнат првите нови тенкови од серијата од 250 машини, за кои земјата има договор.

„Полска ќе има модерна, моќна сила за да го запрепасти агресорот во случај на закана“, се наведува и во соопштението, цитирано од БТА.

Договорот за купување на овие 250 нови тенкови Абрамс, потпишан на 5 април, е вреден ,750 милиони долари. Вклучува набавка на придружна опрема – 26 возила за одржување, како и обука и логистика, како и муниција. Првиот од овие нови тенкови ќе биде распореден во источна Полска, првенствено како дел од 18-та механизирана дивизија и 1-та варшавска тенковска бригада. Испораките се планирани да завршат во 2026 година, објавија полските медиуми.

Магазинот „Впрост“ потсетува дека кон крајот на минатата недела Блашчак најавил дека Полска ќе купи уште 116 тенкови „Абрамс“ од САД, но овојпат од втора рака и дека договорот е постигнат. Според друг полски медиум – Информативната радио агенција – првите испораки на овие половни машини ќе се случат на почетокот на следната година. Тие ќе ја пополнат празнината што ја остави Полска и ќе и обезбеди на Украина преку 240 модернизирани тенкови Т-72 од советско производство.

Во интервју за телевизискиот канал „Полсат њуз“, Мариуш Блашчак изјави и дека Варшава преговара и со Сеул за набавка на тенкови произведени во Јужна Кореја, кои се компатибилни со американската опрема.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.