Прв веб речник на македонски знаковен јазик достапен за јавноста

Loading...

Првиот веб речник на Македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста на www.znakoven.mk.

Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви „ТИШИНА“ – Карпош со поддршка на Министерството за Надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.

Преку проектот „Раце што зборуваат“ се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи но и за сите заинтересирани во Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.

 

loading...