Превкусен колач со јагоди

Loading...

ЗА КОРА
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
ЗА КРЕМ
500 мл млеко
200 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
15 г желатин
100 мл вода
500 мл слатка павлака
800 г јагоди
Изматете ги белките со шеќерот, потоа жолчките па се соединете и додадете 6 лажици брашно. Убаво измешајте. Печете во правоаголна тава прекриена со хартија, 30 минути на 180 степени. Изладената кора исечете ја на два дела.
Сварете го млекото со шеќерот и желатинот претходно измешан со водата. Додадете го ванилиниот шеќер и оставете да се излади се додека не се “стегне“ (во фрижидер). Најдобро е да стане густо како пудинг.
Изматете ја слатката павлака и постепено додавајте ја во изладениот крем. Матете со миксер додека кремот не се соедини.
Јагодите наросете ги со малку шеќер и наредете ги на првата кора. Врз нив нанесете крем, повторно кора и на крај преостанатиот крем. Оставете го колачот да се лади во фрижидер неколку часа.

loading...