Превртена гибаница: Само правите мајстори можат да го направат ова

Loading...

И додека размислувате што да подготвите за вечера, ви носиме одличен рецепт, наменет само за најголемите ‘мајстори’ во кујна.
Состојки:
– 80гр. брашно
– 1 рамна лажичка прашак за пециво
– 1 лажица сол
– 100 мл. масло
– 350 гр. сирење
– 5 јајца
– 100 гр. кајмак
– 500 мл. кисело млеко
– 500 гр. кори за пита
Подготовка:


Измешајте ги сирењето и кајмакот. Додадете го киселото млеко, брашното, прашакот за пециво и солта. Откако убаво ќе се соединат, додадете ги маслото и јајцата. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Земете ги корите, полека излупете ги, за да се одлепат, а потоа повторно ставете ги една врз друга. Завиткајте ги корите во ролна. Исечете го ролатот на парчиња, со широчина од три прста.
Протресете ги ‘јуфките’ од корите. Полека додадете ги јуфките во смесата и мешајте. Постепено истурете во тава што е подмачкана. Печете околу 40 минути на 200 степени.
Готовите гибаници превртете ги на 4 шолји за да се изладат наопаку. Потоа пресечете ги на парчиња и може да послужите.

loading...