Превртен колач со јаболка

Loading...

500 г брашно
350 г шеќер
300 мл млеко
100 мл вода
60 мл масло
6 јаболка
4-5 лажици мед
3-4 лажици сечкани ореви
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
1 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка цимет
Јаболката се лупат и се сечат на кругови. Се редат во намрсена и набрашнета тркалезна тава бр 30. Врз јаболката се става мед и сечкани ореви. Тавата се става во загреана рерна на 180 степени, малку да се запечат јаболката.
За пандишпанот – сите суви состојки се мешаат во длабок сад, па се додаваат течните. Се меша со жица за матење додека се соедини смесата, и се нанесува во тавата со јаболката.
Се пече околу 40 минути на 180 степени. Испечениот колач се остава малку да се излади, па се превртува на послужавник, за јаболката да дојдат одозгора. Се сече на парчиња, а по желба може да се нароси со шеќер во прав.

loading...