Прегазен пешак на булевар “Србија“

Loading...

Камион со приколка вчера прегазил пешак во скопската населба Аеродром, по што починал на лице место.
Во 08,40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на Железничкиот мост, товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

loading...