„ПРЕДАВНИЦИТЕ“ ИМ ДАДОА КООРДИНАТИ НА РУСИТЕ: Градоначалникот на Мариупол ги обвини пратениците на градскиот совет на проруската партија „За живот“

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, ги обвини предавниците во украинските редови за пренесување витални информации на руските сили за време на бомбардирањето на јужниот пристанишен град на почетокот на нападот врз Украина.

Мариупол после офанзивата

Бојченко, кој го напушти Мариупол, изјави за Би-Би-Си дека уништувањето на критичната градска инфраструктура, вклучително и снабдувањето со електрична енергија, било добро координирано бидејќи „предавниците и дале на Русија координати“.

“Знаеја каде да гранатираат. Имаше многу предавници кои даваа координати. Сè што имавме, се што се смета за критична инфраструктура на градот, беше уништено во првите седум дена”, рече градоначалникот на Мариупол.

Тој изјавил дека во градот има 15 извори на струја и дека тој како градоначалник не знаел каде се сите, објави британскиот весник „Гардијан“.

И знаеја и за една недела ги уништија сите 15. Градот остана без светлина“, истакна Бојченко.

Според него, мета биле и водоводи, комуникациски линии и магацини во кои се чувала храна и лекови.

Тој ги обвини пратениците на градскиот совет од проруската партија Опозициска платформа – за живот, кои сега владеат со градот под руска окупација, дека се предавници.

Бојченко рече и дека повеќе од 100.000 луѓе се уште се заробени во градот, кој беше окупиран од Русија и каде што немаат чиста вода, храна, струја и лекови.

„Ситуацијата во Мариупол е катастрофална“, рече тој, додавајќи дека многу трупови се уште се под урнатините и дека, според лекарите, ова лето во градот ќе биде страшно и може да однесе илјадници животи.

постер

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.