Предлогот за Уставни измени во понеделник на пленарна седница

Со спротивставени мислења меѓу пратениците од власта и од опозицијата ја завршија работната недела. По дводневна расправа на собраниската Комисија за уставни прашања, поддршка за пристапување кон измените на Уставот вчера беше изгласана од десет пратеници на владеачкото мнозинство. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и членови на Комисијата, гласаа против. Владата во рок од 15 дена треба да изготви нацрт-аманадмани и да ги достави до Парламентот.
Пленарна седница на Собранието на која пратениците ќе расправаат по Предлогот на Владата за пристапување кон измена на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија е закажана за понеделник во 11 часот.  Потребата од пристапување кон уставни измени треба да биде изгласана од две третини од вкупниот број пратеници во Парламентот.

 

Loading...