Предлог за денешниот ручек: Мусака од тиквички и модар патлиџан

Loading...

Вкусен рецепт кој се подготвува едноставно.
Состојки:
300 гр. модар патлиџан
300 гр. доматен сос
350 гр. сирење
3 јајца
1 чаша павлака
1 лажичка сол
Сушени зачини по желба


Начин на подготовка:
Модриот патлиџан и тиквичките исечете ги на кругови, посолете ги и оставете ги да отстојат еден час. Намачкајте го тавчето со масло, па наредете го прво модриот патлиџан, па додајте маслиново масло.
Потоа, додајте го доматниот сос, тиквичките и сирењето. Редете на овој начин сè додека имате од намириниците. Покријте со фолија и печете на 170 степени околу половина час.
Пред крајот, тргнете ја фолијата, прелијте со изматените јајца и преостанатото сирење па вратете го јадењето во рерна за да се запече.

loading...