Предлог за ручек: Запечени тиквички со сирење и кашкавал

Loading...

Потребни состојки:
2 лажици путер
2 чешниња лук
2 лажици брашно
1 шолја павлака за готвење
2 шолји рендано сирење чедар
1 шолја рендан пармезан
Сол и бибер
4 тиквички со средна големина
Магдонос
Мајчина душичка


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Во поголема тава растопете путер. Додајте ситно исечкан лук и пропржете го, а потоа додајте брашно. Во тавата додајте и павлака за готвење и оставете ја да зоврие. Потоа додајте ги ренданото сирење и пармезанот, посолете и откако ќе се растопат тргнете ја тавата од оган.
Тавата за печење премачкајте со путер и наредете еден слој од тиквичките кои претходно треба да ги исечете на кругови. Врз нив ставете од преливот со сирењето и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките. Одозгора ставете мајчина душичка и печете 20-25 минути. Откако ќе се испечат тиквичките, одозгора исечкајте магдонос.

loading...