Предлог за ручек: Мусака со модар патлиџан

Loading...

Пробајте поинаков, но превкусен рецепт за мусака со модар патлиџан.
Потребни состојки:
5 модри патлиџани
500 г мелено месо
150 г кромид
2 чешниња лук
4 домати
Магдонос
Ловоров лист
Сол и бибер
100 мл маслиново масло
1 лажица оригано
За бешамел:
40 г путер
30 г брашно
500 мл млеко
1 лажица пармезан
2 јајца
Сол и бибер


Начин на подготовка:
Исечете го модриот патлиџан на кругови, посолете го и оставете го да отстои. Измијте го со топла вода и ставете ги на хартија. Ставете ги во премачкано тавче со маслиново масло и печете на 200 степени околу 15 минути.
На маслиново масло пропржете го кромидот, а потоа и меленото месо. Додајте ги исечканите домати, ловоровиот лист, бибер, изгмечениот лук и оригано. Динстајте и додајте вода. Откако ќе омекне месото, додајте магдонос.
За бешамел: Пропржете го брашното на растопен путер, потоа додајте млеко и мешајте околу 5 минути. Потоа додајте сол, бибер и пармезан. Откако ќе се излади бешамел сосот, додајте ги и изматените јајца.
Во тава наредете редете патлиџани па месо, сè додека имате од состојките. Завршете со модриот патлиџан и прелијте со бешамел сос. Печете на 220 степени околу 20-30 минути.

loading...