Предлог за ручек: Пилешко соте со печурки

Loading...

Потребни состојки:
500 гр пилешко месо
3 главици кромид
180 гр печурки
350 гр домати
0,5 шолја пилешка супа
4 лажици бело вино
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук
0,25 шолја брашно
Магдонос
Сол и бибер


Начин на подготовка:
Исечкајте го пилешкото месо на парчиња. Промешајте брашно, сол и бибер и парчињата месо ставете ги во брашно. Загрејте го маслото и испржете ги парчињата пилешко месо. Откако месото ќе добие златно-кафеава боја извадете го од тава. Во истата тава додајте го исечканиот кромид. Додајте ги и печурките и лукот. Пржете додека да добијат златеста боја, па вратете го месото во тава. Додајте го виното и оставете го да зоврие. Варете околу 20 минути. На крајот зачинете по вкус и додајте магдонос.

loading...