Предлог за ручек: Пилешко со тиквички во крем сос

Loading...

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Состојки:
3 големи тиквички
2 лажици маслиново масло
2 поголеми парчиња пилешки стек
Сол и бибер
2 чешниња лук
3/4 шолји млеко
1 павлака за готвење
1/2 шолји пармезан
Свеж магдонос


Начин на подготовка:
Излупете ги тиквичките па исечете ги по должина за да добиете тенки и широки ленти. Тргнете ги на страна па загрејте масло во голема тава на средна температура.
Посолете го пилешкото месо и пржете го неколку минути и од двете страни. Откако ќе се излади, исечете го на ленти.
Додајте уште малку маслиново масло во тавата. Додајте го ситно исечканиот лук и пропржете го, додајте млеко, промешајте па додајте ја и павлаката за готвење и пармезанот.
Пржете кратко време и постојано мешајте. Посолете и мешајте додека да се згусне сосот. Додајте ги и тиквичките и месото во сосот па промешајте. На крај додајте пармезан.

loading...