Предлог ручек за денес: Лажно полнето пиле

Loading...

Потребни состојки: 

300-350 гр. мелено месо

2 средно големи компира

1 морков

1 пиперка

50 гр. слатка пченка

по потреба сол, црн бибер, оригано

Подготовка:

Компирите и морковот се варат и се пасираат и се додаваат кон меленото месо, се додаваат зачините, слатката пченка и пиперката исечкана на коцки.

Од така подготвената смеса се формира топка толку голема колку што е голема кожата на пилето.

Така подготвеното месо се покрива со пилешката кожа, се додава малку масло и се печи на 220 степени за 40-50 минути.

Наздравје!

loading...