Предлог ручек: Рагу со мелено месо

Едноставно и брзо за подготовка, совршенство на вкус и мирис…
Подготовка:
500 г мешано мелено месо
2 чили-пиперки
2 главици кромид
2 чешниња лук
2 поголеми компири
2 лажици путер или маргарин
1 лажица слатка црвена мелена пиперка
250 мл супа од коцка
150 г грашок
кари во прав
мелен сув зачин
црн пипер


Подготовка:
– Чили-пиперките, лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Комирите исечкајте ги на коцки.
– Месото убаво пропржете го на растопен путер. Додадете го сечканиопт кромид и пржете уште малку. Потоа додадете го сечканото лукче, па чили-пиперките и зачинете по вкус со чили во прав и мелена црвена пиперка. Динстајте уште малку.
– Сега сипете ја супата од коцка и кога ќе проврие додадете ги исечканите компири.
– Варете го јадењето на тивко уште 20-тина минути. Додадете мелен сув зачин по вкус.
– Додадете го и грашокот и варете го рагуто додека не се свари грашокот.
– Пред да го послужите, посипете со црн пипер.

Loading...