Предлози за едноставна и здрава вечера

Голема е веројатноста дека секоја вечер се двоумите што да јадете, дали она што го сакате, или она што би требало. Не знаете дали да готвите, или повторно да порачате нешто за да ви биде поедноставно. Но, нема потреба вечерата да ви претставува толкав проблем. Погледнете ги овие предлози за здрава и едноставна вечера што сигурно ќе ви се допаднат.
1. Пржен зеленчук

Што е полесно од порачувањето пица? Да соберете неколку состојки, да ги исечкате и да ги испржите. Овој оброк е навистина едноставен и во него можете да ставите секаков зеленчук, протеини и храна богата со хранливи материи, да ги измешате и да направите вкусна вечера без многу напор.
Доброто е што пржениот зеленчук можете да го приготвите на безброј начини и можете да користите намирници што веќе ги имате дома. Доколку се двоумите за состојките, ставете зеленчук по ваш вкус, здраво масло како кокосовото и протеин.
Време за подготовка: 10-15 минути


2. Пица со домати и босилек
За повеќето луѓе, пицата е оброк што се порачува кога навистина ги мрзи да готват. Но со вистинските состојки и пицата може да биде здрава. За најбрзата верзија, купете готово тесто од пица и ставете го во рерната. Оставете го да се пече 10 до 15 минути, односно додека не добие златно кафеава боја. Потоа можете да ставите сос од домати и босилек, неколку парчиња свеж домат, свеж босилек, козјо сирење и маслинки.
Време за подготовка: 15 минути
3. Смуди од овошје и зеленчук


Смудињата се навистина лесни за подготовка и се едни од најздравите оброци. Во нив можете да додадете храна богата со хранливи материи, а вкусот сепак ќе биде одличен. Можеби нема да сакате да вечерате смуди, но доколку внимавате на вашата тежина или вежбате пред спиење, ова е најдобриот оброк за вас.
И овде имате безброј опции, а некои од најкористените намирници за смуди се брокули, краставица и морков, а од овошје јаболка, портокали, грозје, грејпфрут, боровинки и јагоди.
Време за подготовка: 5-10 минути
4. Чинија за појадок


Зошто за вечера да не јадете нешто што би го консумирале наутро? Се разбира, овде не станува збор за пржени јајца или палачинки. Повторно можете да направите смуди, но овој пат само со овошје. Потоа ставете го во чинија и додајте гранола, кокос, банана, јагоди, боровинки или што и да е што ви се допаѓа.
Време за подготовка: 5-10 минути

5. Тост со авокадо


Тостот со авокадо е можеби најдобриот изум на 21-виот век. Лесно се подготвува, а има неверојатен вкус. Исто така, можете да додадете состојки што веќе ги имате дома – домат, сирење, зелен зеленчук, пиперки… За многу кратко време ќе подготвите навистина хранлива и вкусна вечера.
Време за подготовка: 5 минути
6. Тортиља со марула

Доколку сакате сендвичи и тортиљи, но сакате да ги избегнете јаглехидратите, можете наместо тортиља да користите листови марула. Во неколку листови марула ставете домат, сланина, прелив за салата и што било друго што ви се допаѓа, како на пример варено јајце, и ќе имате одлична вечера.
Време за подготовка: 10-тина минути