Предмети за кои сигурно не знаевте дека имаат рок на траење

Loading...

Обично се грижиме за рокот на траење на храната, но постојат и други предмети што треба да ги замениме после некое време.
Овој рок на траење покажува до кога предметот е ефикасен или безбеден за користење, па не би требало да го игнорирате.
Во продолжение погледнете за кои работи станува збор:
Заштитен крем за сонце


Експертите велат дека кремовите со заштитен фактор се ефикасни околу три години. Ова значи дека ако нанесете крем постар од три години, најверојатно ќе немате никаква заштита од сонце.
Вреќички чај


Чајот нема да се расипе или да биде лош за пиење, но според производителите, по околу две години го губи својот квалитет. Истовремено, тие препорачуваат да го чувате чајот во ладилник за да му го продолжите рокот.
Очила за сонце


Овојпат станува збор за очила со УВ заштита. Според едно истражување, со текот на времето способноста за блокирање на УВ зраците се намалува, најмногу поради гребнатините и оштетувањето што настануваат при носење.
Паста за заби

Рокот на траење на пастите за заби е различен, но експертите велат дека е околу 2 години. Причината е што после овој период, состојките можат да се одделат или да се кристализираат, а самиот флуор во пастата ја губи ефикасноста.
Сапун


Некои сапуни имаат рок на траење, а некои не. Сепак, експертите препорачуваат да не користите сапун што е постар од три години.
Патики за трчање

Ова е веќе очигледно – колку повеќе ги користите патиките, толку повеќе тие ја губат формата. По некое време тие нема да ви ја нудат потребната потпора, а можат да го зголемат и ризикот од повреди. Затоа, ако патиките за трчање не ви се удобни како претходно, можеби треба да ги замените со нови.

loading...