Предности на утринскиот секс

Сексот ја забрзува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, ја ублажува главоболката, ја подобрува самодовербата, го подобрува сонот, го зајакнува имунитетот и ги согорува калориите.
Се прашувате зошто би требало да практикувате секс токму во утринските часови? Во продолжение, прочитајте пет одлични причини.
Го подобрува односот
Пред сè, сексот дефинитивно ги зближува луѓето. Со оглед на тоа што сексот го подобрува расположението, замислете само колку би било убаво да го започнете денот со позитивни вибрации? Освен тоа, ќе имате среќни спомени од утрото на кои ќе можете да мислите во текот на денот.


Ја намалува анксиозноста
Ендорфините и другите “добри” хормони како што се окситоцинот и допаминот ја поттикнуваат циркулацијата, ги смируваат мислите и го намалуваат лачењето на кортизол. Кортизолот е “лош” хормон кој се лачи во стресни ситуации и е чест причинител на многу болести.
Ги интензивира оргазмите
По повеќечасовниот одмор, клиторисот е почувствителен и одлично реагира на стимулација. Кога велиме “одлично реагира”, мислиме на можноста за постигнување поинтензивни, но и побројни оргазми.
Ја подобрува концентрацијата
Оргазмот го намалува нивото на кортизол, го смирува умот и ја подобрува концентрацијата. Сексот има исто делување како и утринската медитација, само што со сексот ќе потрошите многу повеќе калории.
Го забрзува метаболизмот
Во текот на ноќта, метаболизмот се забавува и наутро останува бавен уште некое време. Најдобриот начин на покренување на метаболизмот е умереното утринско вежбање… или утринскиот секс!