Пред да ви дојдат гостите ставете го ова во собата- куќата ќе мириса прекрасно

Loading...

Секој сака при првото влегување во домот гостите да ја почувствуваат свежата миризба во домот. Пријатната атмосфера во домот ќе им годи на домашните, но и на гостите! Причината за загушливиот воздух можеби е премалата вентилација, готвење или нешто друго.
Употребата на освежувачи често е скапа, но и нездрава варијанта, поради присуството на вештачки мириси и хемикалии.


Сега ви откриваме генијален трик, како во своите четири ѕида да уживате во пријатниот мирис, и тоа за малку пари и без штетни хемикалии!
Потребни ви се: тегла, чекан, шрафцигер и вилушка, сода бикарбона, етерично масло по избор.
Подготовка: На поклопот од теглата направете неколку дупчиња. Теглата наполнете ја со сода бикарбона и капнете етерично масло. Природниот освежувач е готов!

loading...