Пред прагот на есента: 5 работи што треба да се направат на есенската рамноденица

Loading...

Есента 2020 година започнува на 22 септември во 15:30 часот
На тој ден започнува владеењето на Вагата, кардинален знак што носи промени.
За да бидете сигурни дека овие промени водат – на подобро – потрудете се да го направите следново на овој ден:
1. Бидете љубезни кон сите
Започнете ја новата сезона со нова енергија, со желба и план да ја направите трајна во следните три месеци.
2. Обратете внимание кон другите
Слушајте ги другите внимателно. Обрнувајте внимание на сè што ќе слушнете, сè може да биде важно.
3. Испратете посебен знак на внимание кон саканите
Искористете ја можноста да им посакате среќен почеток на есента на оние што ги сакате. Одете на кратка посета или јавете им се по телефон, и доколку не постои можност за тоа, испратете им барем убава порака.
4. Помогнете им на другите
Не заборавајте да направите нешто убаво и добро за луѓето кои не се во вашиот тесен круг на овој ден.
Испратете помош на некого, донирајте книги во локалната библиотека, издвојте парче облека што повеќе не го носите за оние кои ќе го примат со благодарност.
5. Бидете со насмевка од утрото до доцна во ноќта
Без оглед колку е убаво или тешко летото, напнато или пријатно, погледнете ги само убавите спомени.
Насмевнете се и зачекорете во новата сезона со благодарност за животот.

loading...